Романија тврди дека има 150.000 Власи во Македонија
Министрите Милошоски и Баконски во Букурешт. Баконски на прес-конференцијата изјавил дека има 150.000 Власи во Македонија Колку Власи има во Македонија – 10.000 како што покажа последниот попис од 2002 година, 60.000 како што проценува Демократскиот сојуз на Власите или пак 150.000, како што изјави романскиот министер за надворешни работи Теодор Баконски? На прес-конференцијата по средбата во средата со неговиот македонски колега Антонио Милошоски, Баконски, како што пренесува романската новинска агенција Актмедија, изјавил дека „Република Македонија прави многу конструктивни напори за најдобра можна меѓуетничка клима и влашкото малцинство, кое брои околу 150.000 лица, доби уверувања дека ќе има пристап на образование на мајчиниот јазик“.
Во извештајот на романската агенција не се наведува дали Милошоски реагирал на ваквото тврдење на својот домаќин, но се цитираат неговите зборови дека Македонија е на првото место во регионот според заштитата на правата на етничките малцинства и дека прави се' да ја заштити културата, традициите и јазикот на Власите.
Изминативе денови Демократскиот сојуз на Власите побара од претставникот на влашката заедница да се повлече од Државната пописна комисија, затоа што, наводно, не ги застапувал интересите на Власите. Претседателот на партијата, Никола Бабовски, тврди дека во Македонија има 60.000 Власи.
Во Романија студираат неколку стотици македонски државјани кои пред официјалните романски органи се изјасниле дека се Власи. Во Романија кога се употребува терминот „Македонец“ се мисли на Влав. Во романскиот парламент има еден претставник на македонското малцинство.
Милошоски и Баконски во Букурешт потпишаа соработка за европските и евроатлантските интеграции, а како што наведува агенцијата Актмедија, една од главните теми на разговорите била заемната поддршка на Романија и Македонија двете земји да станат членки на Советот за човекови права на ОН за периодот 2013-2016 година. (Љ.П.) Αναγνώστης
|
Δεν υπάρχουν σχόλια:
Δημοσίευση σχολίου